Дизелот и бензинот од 95 октани ќе поевтинат

Дизел горивото и бензинот од 95 октани вечерва по полноќ ќе поевтинат за два денари од литар, додека цените на бензинот од 98 октани, како и на нафтата за домаќинствата не се менуваат. Намалување на цената ќе има кај мазутот за 1,888 денари по килограм.

Максималните цени на  нафтените деривати од вечерва по полноќ ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин Еуросупер БС – 95           81,50 (денари/литар)

Еуросупер БС – 98           85,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел          75,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно    76,50 (денари/литар)

Мазут                                          39,779 (денари/килограм)

Коментари

коментар(и)