ДИК: 34 општини добија градоначалници во првиот круг

Според прелиминарните резултати од Државната изборна комисија 34 општини добија градоначалници во првиот круг од локалните избори од кои 22 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а девет од коалицијата предводена од СДСМ и тројца градоначалници на општини се од ДУИ.

Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  Кандидатите на Алијанса за Албанците/ Алтернатива и ДУИ ќе ја трчаат градоначалничката трка во вториот круг во седум  општини, а  во две општини во втор круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.

Во моментов тече рокот за поднесување приговори до ДИК.

Во првиот круг општина Старо Нагоричане доби старо-нова градоначалничка Жаклина Јовановска од СДСМ и коалицијата.

И во општина Липково граѓаните го поддржаа претходниот, воедно и нов градоначалник Еркан Арифи од ДУИ.

 

Коментари

коментар(и)