Димитриевски: Заканите нема да ме обесхрабрат

Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека заканите нема да го обесхрабрат и ќе продолжи да работи за доброто на општината, откако во јавноста излегоа информации дека триесет и четиригодишно лице е осомничено дека му се заканувало нему и на неговото семејство, а воедно се сомничи и за сторено дело уништување  туѓ имот, односно партиски простории.

-Во недела во раните утрински часови добив две заканувачки пораки од страна на лице кое дури и се потпишало во истите од непознат број. За пораките нема да коментирам истите се предмет на истрага, уредно пријавив во полиција, во текот на вчерашниот ден се информирав дека полицијата го открила сторителот и воедно го сомничи за сторено дело уништување на туѓ имот. Оставам на истрагата да ја комплетираат целата постапка и пред надлежните државни органи да спроведат со закон предвидена постапка. Ова нема да ме обесхрабри ќе продолжам да работам во делот на подобрување на животните услови во општина Куманово и секако во интерес на граѓаните на нашата општина. Сметам дека треба да продолжиме со трендот за средување на градот воведување на поголем ред во сообраќајот, градежништвото, сите можни нивоа. Не би сакал да коментирам кои се мотивите самиот сторител би требало да ги даде во текот на самата истрага пак ќе повторам оставам на истражните органи и на самата постапка да излезе на крајот со конечен одговор-истакна Димитриевски.

 

Коментари

коментар(и)