Димитриевски: Здравството ќе биде достапно за сите граѓани

Кандидатот за пратеник од СДСМ во изборната единица 2, Максим Димитриевски денеска пред општата болница презентираше дел од мерките од проектот „Имаме план за живот во Македонија“, поврзани со здравството. Тој најави повисоки плати за лекарите и укинување на партиципацијата. Посочи дека оваа услуга ќе биде достапна за сите граѓани и повеќе нема да е партизирана.

-Да здравство има како што вели актуелниот министер за здравство господинот Тодоров и заменик претседателот на Владата на Република Македонија, има здравство но за жал само на хартија. Граѓаните се тука закажуваат термини а се повеќе чекаат ред, за да го искористат терминот.  Белите мантили, докторите, вистинските професионалци ја вршат својата работа но најголем дел од нив ја напуштаат Република Македонија-нагласи тој.

Според Димитриегвски граѓанинот се чувствува незгрижен бидејќи во државата има здравство само за оние кои што имаат пари.

-Ќе дадеме можност на професионалците, специјалистите во здравството лекарите да останат да работат и да згрижуваат тука во Република Македонија со тоа што до крајот на мандатот двојно ќе ја покачиме платата на лекарите-посочи кандидатот за пратеник на СДСМ.

Тој нагласи дека секоја година на  позитивната листа ќе биде ставен најмалку еден лек, а исто толкав број од генеричките лекови ќе биде бесплатен.

 

 

Коментари

коментар(и)