Димитриевски најави позитивна кампања, изборната конвенција вечерва на плоштадот

Позитивна кампања, во која ќе бидат опфатени проекти кои во иднина би се реализирале. Куманово ќе стане модерен и проевропски град, најави независниот кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски.

Тој воедно ги повика граѓаните да присуствуваат на конвенцијата која ќе се одржи вечерва во 19 и 30 часот на градскиот плоштад.

Почитувани, кумановки и кумановци, денеска и официјално отпочнува кампањата за претстојните локални избори, во оваа прилика во мое лично име како кандидат за градоначалник под реден број 80 и заедно со носителката на листата независна група на граѓани За наше Куманово, Ивана Ѓеоргиевска, под реден број 61 ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам за досегашната поддршка и воедно да ви посакам успех. Денеска на градскиот плоштад со почеток во 19 и 30 часот, официјално иницијативата За наше Куманово ја отпочнува предизборната кампања. Ние планираме да водиме позитивна кампања, во следниот период ќе се посветиме на сите оние проекти кои во иднина овој граѓански концепт сака да им го понуди на кумановци, да имаме поубав, позелен, поперспективен и проевропски град, место каде ќе останеме да живееме сите. Воедно сакам да ве поканам во мое име и во име на кандидатите за советници да дојдете на нашата предизборна конвенција на градскиот плоштад во 19 и 30 часот и заедно да отпочнеме еден нов процес за напредок, просперитет и прогрес на наше Куманово-нагласи Димитриевски.

 

Коментари

коментар(и)