Димитриевски: На Куманово му требаат 100 илјади евра дневно за да може нормално да функционира

„На Куманово му се потребни 250 милиони евра за да ја среди подземната инфраструктура, фекална, атмосферска канализација во урбаните и дел од урбано-руралните средини и да обезбеди мрежа за водоснабдување во сите делови на приградските населби и поголемите села, истакна при гостување на националната телевизија градоначалникот Максим Димитриевски.

Тоа значи дека ние доколку сакаме сериозно да се развиеме ни се потребни пари, бидејќи ги немаме, според мојата груба пресметка ние треба следните 20 буџети на општината да ги интересираме, тоа значи следните 20 години да ги инвестираме исклучиво во изградба на фекална и атмосферска канализација, а да заборавиме на се останато. Парите се држат на централно ниво, се трошат на централно ниво, а граѓаните немаат можност да ги добијат средствата да им се вратат на локално ниво назад коишто преку даноци, такси првенствено преку данок од ДДВ, а потоа и персоналниот данок го плаќаат кон државата, рече тој.

Тој направи паралела дека Куманово во 2017 година собрала 288 милиони денари сопствени приходи, минатата година собрала скоро 400 милиони, а Арачиново собрала 0 денари и добила награда од Владата. Димитриевски посочи дека Арачиново еднаш добила 600 илјади евра, а вториот пат уште еден грант средства директно од Владата во буџетот, потенцирајќи дека тоа е негативен пример и не се помага така.

Коментари

коментар(и)