Димитриевски на средба со Булент Јалчинкаја од Истанбул, Р. Турција

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со претседателот на партијата „Добра партија”, Булент Јалчинкаја од Истанбул, Р.Турција и неговите соработници. Освен за традиционалниот Фолклорен фестивал кој ќе се одржи во месец мај во Истанбул, на средбата беше разговарано и за отворање на можности за соработка на двете земји на повеќе општествени полиња. На средбата присуствуваше и претседателот на партијата за движење на Турците од Куманово, Ердоган Али, кој од името на партијата додели донација од заштитни маски, средства за дезинфекција, ракавици и топломер на Општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)