Димитриевски: Не ја ограничувам слободата на изразување

На обвинувањата на новинарите дека со акредитацијата се ограничува слободата на изразување, претседателот на Советот, Максим Димитриевски се правда дека одлуката ја донел исклучиво заради обезбедување доволен број на места за сместување.

Тој нагласува дека не се работи за ограничување на правата на новинарите и апелираше медиумите што помасовно да ги следат седниците и трансперентно да ја информираат јавноста.

-Во овој случај не станува збор за класична акредитација, која што нема да овозможи пристап на сите новинари да присуствуваат и да ги следат седниците. Tуку само за ставање на еден ред во рамки на органот со кој што раководам да може сите да имаат еднакви можности за место на седење, затоа што на некои седници одредени новинари седат на термопеќки и на останати предмети, што според мене е недозволиво. Никој нема да биде вратен од тие ќе се пријават и ќе можат да ја следат седницата, но притоа не преземем одговорност за нив доколку нeма да има обзбедено место за седење.  Што се однесува до однесување на одредени сниматели на телевизии, јас ќе кажам тоа е седница, не приватна веселба каде што тие ќе се шетаат во секој момент и ќе фаќаат кадри какви што сакаат-наведе тој.

Коментари

коментар(и)