Димитриевски: Одговорност мора да има

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски изрази жалење за случајот со  градинка „Ангел Шајче“ и најави дека ќе побара одговорност. Тој истакна и дека веќе писмено побарал, но се уште не добил повеќе информации.

Апсолутно треба да има одговорност, недозволиво е во денешни услови во такви инвестиции и капацитети да ни се јави салмонела. Ако се почитуваат сите процедури, и има изграден систем, мора да дошло до одредени пропусти за да се случи тоа. Но знаете дека кога се водеше постапка за избор на менаџер ми беа одземени ингеренциинагласи Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Коментари

коментар(и)