Димитриевски повика на масовна излезеност

Кандидатот за пратеник на СДСМ во изборната единица 2, Максим Димитриевски ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите и да дадат поддршка на здружената опозиција.

-Денеска и официјално ќе заврши кампањата за овие предвремени парламентарни избори. Поминавме многу работи заедно. Доаѓа моментот на вашата одлука. Ја користам оваа прилика во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, целата здружена опозиција, во недела на 11 декември да излезете масовно на овие избори и да ја дадете вашата поддршка за она што значи план за живот во Република Македонија, за бројот 4 и носителот на нашата листа на кандидати за пратеници, Оливер Спасовски. Со тоа ќе отворите нова можност и нова страна во Република Македонија. Дозволете ни заедно со вас да ја пишуваме современата и позитивната историја на Република Македонија. Почитувани, одлуката е ваша, наше е да ја испорачаме понудата. Се надеваме на вашата поддршка. Да веруваме во иднината првенствено на младите луѓе во Македонија-истакна тој.

 

Коментари

коментар(и)