Димитриевски: Регионален ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби

Отворање регионален ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби, организирање целодневен престој за лица со попреченост вклучени во образовниот процес во основните и во средните училишта во Општина Куманово, како и отворање спортска сала за лица со попреченост, се дел од проектите што ги најави независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски на средбата со претставниците на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.

-Ќе обезбедиме бесплатен јавен градски превоз на семејствата со деца со попреченост и за лицата со посебни потреби, поставување на пристапни рампи и тоалети за децата со попреченост во општинските училишта, а граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ има план да формира Центар за социјализација на лица со попреченост, како и психолошка поддршка на лицата кои што се грижат за оваа група на граѓани. За подобра функционалност, ќе се реконструираат тротоарите во централното градско подрачје и ќе бидат адаптирани за непречено движење на лица со попреченост. Важна мерка од изборната програма претставува и олеснувањето на сите лица со попреченост во делот на комунални такси, лице придружник, обезбеден превоз за лица со инвалидитет и попреченост, рампи за лица со инвалидитет и попреченост, звучни семафори за слепи лица, како и посебни тротоари за лица со попреченост, рече Димитриевски.

 

Коментари

коментар(и)