Димитриевски: Се прават анализи за бесплатен јавен градски превоз

По бесплатен автобуски превоз на пензионерите општината размислува ваквата поволност да ја користат и студентите, но и сите граѓани во период на енергетска криза, информираше на една националната телевизија, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Правиме една анализа и се обидуваме да дојдеме до една калкулација во зависност од можностите на буџетот, бидејќи не можете да ги извадите сите пари од буџетот, да ги скратите капиталните инвестиции и инфраструктурата, а да субвенционирате превоз. Доколку успееме да се договориме со јавните превозници тогаш можеби и ќе воведеме целосен јавен градски превоз на сите граѓани во општина Куманово и да помогнеме на овие тешки економски моменти. Во моментов некаде над 2 милиони денари се издвојуваат од општинскиот буџет за бесплатен превоз на пензионери во општина Куманово-истакна Димитриевски.

Коментари

коментар(и)