Димитриевски се сретна со амбасадорката на Република Литванија

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска остварил средба со амбасадорката на Република Литванија, Јурате Рагуцкиене, резидент во Република Хрватска, која беше во прва официјална посета на Општина Куманово.

мав можност да ја претставам општината и да го истакнам интересот за соработка со некоја од општините во Литванија-напиша на „Фејсбук“ Димитриевски.

Во рамките на програмата на делегацијата од Литванија, задолжена за интерпарламентарна соработка со земјите на западен Балкан, на средбата присуствуваа и: Аудрониус Ажубалис (шеф на делегација), Валдас Ракутис (потпретседател на групата), Кестутис Вилкаускас (член на групата), Јолита Сириуте (секретар на групата) и Лидија Каракамчева (секретар на групата за соработка со Литванија и др.балтички земји, претставник од Собрание).

Коментари

коментар(и)