(ВИДЕО) Димитриевски: Со ребалансот се предвидени инфраструктурни проекти

Со ребалансот на буџетот се превидени неколку инфраструктурни проекти, меѓу кои изградба на 4 спортски игралишта, 20-ина улици, но и субвенции за пензионерите, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Дадов предлог на Советот во ребалансот на буџетот да се предвидат средства во износ од 1 и пол милион денари со кои ќе се субвенционира превозот на пензионерите во градот. Општина Куманово во тој износ ќе ги субвенционира пензионерите во соработка со здружението на пензионери и локалните превозници ќе имаат бесплатен автобуски превоз во градот. Ова е една од мерките кои во овие тешки моменти можеме да ја дадеме на оваа група наши сограѓани која навистина заслужува се наоѓаат во тие години имаат потреба да користат јавен превоз и ја даваме таа можност. Останатите делови на ребалансот на буџетот се однесуваат за инфраструктурни проекти, ќе се градат дополнително 4 спортски игралишта во основни училишта во Пчиња, Агино село, Романовце и Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков со современи тартан подлоги, современи игралишта како што изградивме на другите локации. Дополнително некаде околу 20 ина улици на територија на општина Куманово ќе има градба и во руралните и урбано рурални населби а во градското подрачје-истакна првиот човек на Куманово. 

Коментари

коментар(и)