(ВИДЕО)Димитриевски: Средствата за новиот градски парк се од граѓаните, а не од партиите

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на осмата
седница на Советот на општината посветена на советнички прашања ги
отфрли сите шпекулации кои биле изнесени во јавноста во однос на тоа кој
го прави и финансира проектот за градскиот парк.

„Имаше меѓупартиски надгласувања, препукувања, прес-конференции, јас сè
уште немам излезено во име на општина Куманово да зборувам за овој
проект. Средствата кои се инвестираат во градскиот парк се средства кои
согласно Законот за регионалниот рамномерен развој и припаѓаат на
општина Куманово. Ги нема обезбедено ниту ДУИ, ниту СДСМ, ниту
ВМРО-ДПМНЕ, ниту било која политичка партија којашто работи во овој
состав на Советот. Средствата се од граѓаните и за граѓаните. Проектот е
аплициран од страна на општина Куманово, до североисточниот плански
регион, којшто ние финансиски го одржуваме како општина и плаќаме за
секој проект 6% на годишно ниво за услугата којашто ја добиваме, а
средствата кои се одделуваат за финансирање на проектот се средства кои
доаѓаат од државата, согласно Законот за рамномерно регионалниот развој.
Државата има обврска на ниво на година во сите 8 региони во државата да
финансира некаде согласно годишната програма околу 2 милиони евра. Ние
во рамки на тие 2 милиони евра, еве вчера имавме седница на
североисточниот плански регион се договараме како градоначалници взаемнокој, како и со каков проект која година ќе аплицира“, рече Димитриевски.

Минатата година, општина Куманово успеа да добие некаде под 40 милиони
денари финансиски средства за вакви проекти, а оваа година, бидејќи
минатата година општината доби многу повеќе од останатите, Димитриевски
потенцираше дека имале обврска согласно џентлменскиот договор да се
откажат од апликациите, додека колегите преземале обврска следната
година повторно да ги добие општината целите средства за да може нешто
да се почувствува. Тој истакна дека кога ќе се поделат тие средства на
сите општини не може да биде реализиран некој посериозен проект.

„Овој проект е некаде околу 10 милиони денари. Изведувачот којшто има
добиено на тендерската постапка работи интензивно. Рокот за завршување
мислам дека е септември или октомври месец, но знам дека е подготвен да
ги заврши работите комплетно многу порано.“, посочи Димитривски.

На осмата седница на Советот, Димитриевски информираше дека интенција е паркот покрај новото спортско игралиште, новата платформа и сето она што
е предвидено согласно проектот да има и една современа тартан подлога за
трчање, која ќе биде од дополнителни средства, од аплицирање со проект
или пак ќе бидат користени средства од општинскиот.

Ова е прв градски парк после подолг временски период од постоечките два
во градот кои општина Куманово ги реконструира.

 

Коментари

коментар(и)