Дисеминациски работилници на Црвен крст

Општинската организација на Црвен крст Куманово минатата седмица одржа седум дисеминациски работилници од кои по две во основните училишта „Наим Фрашери”, „Јероним Де Рада’’ село Черкези, „Рилиндја‘‘ село Лојане и една во основно училиште „ Христијан Карпош” Куманово.

На работилниците присуствуваа вкупно 157 ученици и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на Општинската организација Куманово и активностите на Клубот на млади.

Коментари

коментар(и)