Дистрибуција на решенија за данок на имот и фирмарина

Секторот за даноци и такси при Општина Куманово, започна со дистрибуирање на ДАНОЧНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ за 2020 год, по пошта, и тоа на Решенија за правни лица, физички лица и комунална такса (фирмарина), како и ОПОМЕНА за правни лица и комунална такса (фирмарина) за 2019 год.

-Истовремено ги покануваме сите даночни обврзници, односно сопственици или корисници на имоти во Општина Куманово, кои не примале Решенија за данок на имот за 2020 год, да се пријават во канцелариите на Сектор за даноци и такси на Општина Куманово (спроти градскиот стадион) за подигнување на даночното решение или за информации за понатамошна постапка, информираа од општината.

Коментари

коментар(и)