Доделени благодарници на повеќекратните крводарители

Манце Ѓорѓевиќ  е меѓу најхуманите граѓани на Куманово кој досега дарувал крв дури 137 пати. Тој вчера како и останатите крводарители кои што дарувале крв по 5,10,25, 50 и 75 пати  доби благодарница од општинската организација на црвениот крст. Тој ги охрабрува младите  во што поголем број да се вклучуваат во вакви хумани дела.

Дека е убаво чувството да знаеш дека со своето дарување крв спасуваш нечиј живот  потврдува и Ненад Алексовски кој исто така доби благодарница  за 50 пати дарување крв.

На свечената седница одржана по повод Денот на крводарителите, но и Денот на основањето на Црвениот крст на РМ се обрати претседателот на општинската организација на Црвениот крст Куманово Нухи Јусуфи. Тој посочува дека со сегашниот број на крводарителите се задоволуваат потребите на крв на општата болница во Куманово.

 -Минатата година имавме 2.763 крводарувања што е повеќе за 196 крводарувања во однос на предходната година. Ние сме на горниот дел на табелата по крводарувања во државата, но се надеваме дека во иднина ќе се искачиме на првите позиции. Младите се повеќе се вклучуваат во крводарувањата, но не можеме да бидеме сосема задоволни, мислам дека можат да дадат и повеќе. Најчести крводарители се луѓето од 20 до 40 години“ – изјави Нухи Јусуфи, претседател на ОО Црвен крст на РМ, Куманово

Надлежните од одделот за трансфузиологија во кумановската болница апелираат за поголемо вклучување на граѓаните во доброволните крводарителски акции.

-Крв може да дарува секој од 18 до 65 години. Крводарувањето е доброволно и корисно, бидејќи не предизвикува никакви последици по здравјето, напротив овозможува обнова на крвната плазма, како и на крвните тела. Пред секое крводарување вршиме здравствена проверка за нема проблеми оној кој дава, но и крвта да биде полезна за оној кој ја прима, изјави Лилјана Славковска, Оддел за трансфузиологија

Свеченоста се одржа во малата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Коментари

коментар(и)