Доделени грантови од МОН за средните училишта

Девет училишта од земјава, меѓу кои и нашето средно земјоделско, „Киро Бурназ“, ќе добијат грант од МОН за спроведување на активности што се во насока на градење на мултиетнички вредности. Кумановското училиште, имено, е прво на листата од рангираните, со 88 бодови. Паралелно, грантови добија и девет основни училишта од општините Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка, меѓу кои најмногу бодови, по 87, добија училиштата „Христијан Тодоровски Карпош“ од село Драгоманце и „Кирил и Методиј“ од село Романовце.

„Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент“, стои во информацијата од Министерството за образование и наука.

Коментари

коментар(и)