Донација за Дневниот центар „Порака наша“

Кумановецот Марјан Јовановски донираше 30.000 денари за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша. Средствата ги собрале неговите пријатели, коишто живеат и работат во Германија. Во акцијата со исто толку средства се приклучи и општина Куманово. Парите ќе бидат употребени во реконструкција на кровната конструкција. Од Порака наша

-Сакам да се заблагодарам на нашите сограѓани од Германија поттик за нив да ја прошират оваа мрежа и вaквите акции да помагаат не само на Порака наша, туку на слични вакви здруженија затоа што верувајте дека ние се обидуваме на некој начин и покрај тоа што имаме донации, да бидеме и самоодржливи, меѓутоа сепак тоа е еден процес во почеток, потребна ни е помош  за да можеме да застанеме на свои нозе и ваквите форми на некој начин напредуваат и да се формираат нови кои подразбираат поквалитетен инклузивен живот на лицата со попреченост-изјави Дејан Стојановски од Порака наша.

Донаторот Јовановски истакна дека и во иднина ќе продолжат да организираат вакви хуманитарни акции.

-Да се заблагодарам на моите пријатели од Германија што помогнаа во оваа донација за нашите сограѓани, лицата со посебни потреби. Колку што разбрав сега и реконструкција ќе се прави, благодарам на градоначалникот, општината што исто се приклучуваат во оваа донација и еден мој апел до сите невладини организации, добронамерни луѓе да помогнат колку толку да можеме да го изгураме овој проект до крај-нагласи донаторот Марјан  Јовановски.

Градоначалникот, Зоран Дамјановски ја поздрави иницијативата на кумановци коишто живеат во Германија, да донираат средства за Порака наша. Посочи дека иако општината на годишно ниво за дневниот центар одвојува милион ипол денари, сепак тие средства не се доволни за нормално функционирање.

-Ги повикувам сите стопанственици, невладините здруженија, клубовите кои имаат таков карактер во рамки на своите можности да придонесат за оваа акција реконструкција на кровот на дневниот центар. Според изработената спецификација потребни се околу 280.000 денари за целата реконструкција-нагласи Дамјановски.

Дамјановски се надева дека оваа донација ќе биде поттик и за други поединици.

 

 

 

Коментари

коментар(и)