Донација од Центарот за култура за болницата

Скромна донација, но во вистинско време за кумановската болница од вработените во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Директорот на установата Сашо Тодоровски се надева дека нивниот пример ќе ги поттикне и останатите институции во градот да бидат хумани.

-Ние дојдовме до таква идеја и навистина би сакале и другите институции да го следат нашиот пример. Исконтактиравме со Општа болница Куманово и ни рекоа дека им се потребни некои работи, дониравме средства за дезинфекција и некои потребни материјали за секојдневното работење во болницата. Тоа е донација од нас вработените, ние решивме дека во овој период треба да помогнеме . Нашето малку може да помогне, изјави Тодоровски.

 

Коментари

коментар(и)