Досега пристигнале 6.500 барања за финансиска помош за покривање на дел од сметките за електрична енергија

До Министерството за економија заклучно со вчерашниот ден стигнале вкупно 6 500 барања за финансиска помош за покривање на дел од сметките за електрична енергија од страна на домаќинствата со ниски примања, а во врска со повикот за финансиска поддршка кој претходно го објави ресорното министерство.

Министерот за економија Крешник Бектеши информира оти согласно буџетот кој е одвоен за оваа намена, односно вкупно 60 000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7 000 домаќинства, а согласно оваа мерка предвидено е да се покријат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата за ниски приходи.

Коментари

коментар(и)