До крајот на неделава Владата ќе одлучи како ќе се одвива наставата

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири информираше дека до крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство.

Тој објасни дека ги имаат предвид повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, но и дека сите се свесни за придобивките од физичкото присуство. Одлуката сепак ќе се донесе врз основа на епидемиолошката состојба.

 

 

Коментари

коментар(и)