До крајот на неделава се очекува да пристигнат најголем дел од 450-те Авганистанци

До крајот на неделава зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се очекува да пристигнат со организирани летови најголем дел од 450 – те граѓани од Авганистан, информираат од Владата.

Велат станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени, жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и мировните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти.

Трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјата, во целост ќе  бидат покриени од меѓународните организации и од САД, се до нивното заминување во САД или во трети земји како нивна крајна дестинација.

Коментари

коментар(и)