До 13 часот излезноста во Куманово е околу 13 проценти

Во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа заклучно со 13 часот  според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 12,41% од гласачите, односно 9.956 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците за базираат на обработени 88,02 отсто од избирачките места, односно 147 места.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.

Инаку, на ниво на државата до 13 часот гласале над 20,5 отсто од гласачите. Според апликацијата на ДИК, досега гласале 197.952 граѓани од вкупниот број на избирачи – 1.824.864.

Најголема е излезноста Новаци – 44,34%, Кратово – 41,86%.

 

Коментари

коментар(и)