До 25.000 граѓани вакцинирани со прва доза

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 1-ви август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%. Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје – 159.514, има во Битола – 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани. Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза.

Коментари

коментар(и)