ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ” – домаќин на Еразмус плус проект

Ученици и наставници од Државното средно училиште „Киро Бурназ“ се домаќини на Еразмус плус проектот „ Енергијата помага да се зајакне економијата“. Партнери во проектот се средни училишта од Италија, Полска, Турција и Португалија. Активностите кои се спроведуваат во текот на седумдневниот период имаат цел да обезбедат учесници со повисок степен на знаење и експертиза во европската перспектива на одржливи извори на енергија како што се (сончева енергија, хидроенергија, енергија од ветер, геотермална моќ и биогорива). Приоритет на Еразмус+ проектот е имплементирање на еколошки начини на решавање на енергетски кризи во редовниот наставен процес.

Коментари

коментар(и)