Евидентирани 449 лица без маска на ниво на државата

Од полноќ до 4 часот утрово, за време на полицискиот час, МВР регистрира 26 лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на целата држава МВР регистра 449 прекршоци од лица кои биле затекнати без маска на лицето како заштита од ширење на коронавирусот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и здравствените протоколи донесени од Влада.

Коментари

коментар(и)