Еден новозаболен кумановец од коронавирусот

Еден новозаболен кумановец од коронавирусот од вкупно 29 нови случаи  регистрирани во изминатото деноноќие во земјава. Од почетокот на епидемијата , вкупната бројка на заболени од вирусот ковид-19 во Куманово изнесува 411 лица, од кои што во моментов активни се само 47.

-На Инфективното одделение во Куманово се лекуваат осум пациенти, од кои што само двајца во моментов се позитивни на ковид-19, останатите се со негативни тестови, но ја примаат потребната терапија до целосно оздравување. Последнава недела постои тренд на опаѓање на хоспитилизирани пациенти на Одделението за инфективна болести, рече Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово

-Последниве два дена, нема новохоспитализирани на одделението. Пациентите што се лекуваат се во стабилна состојба, само еден пациент е на кислородна поддршка,  информира д-р Азиз Бајрами, инфектолог на Инфективното одделение

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а Институтот за јавно здравје регистрирал шест оздравени пациенти – тројца во Велес и по еден во Штип, Гостивар и Кочани. Со новите 29 потврдени случаи, вкупниот број дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 1.723, оздравени пациенти се 1.235, а бројот на починати е 95. Активни случаи во моментов во државава има 393.

Коментари

коментар(и)