Еден нов случај на КОВИД-19 на ниво на државата

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на КОВИД-19 од Куманово.

Регистрирани се и 204 оздравени пациенти, од нив 25 се од Куманово .

Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Коментари

коментар(и)