Еден починат и тројца новозаболени од ковид 19

Во последните 24 часа направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи позитивни на КОВИД-19. Од нив три лица се од Куманово. Во истиот период регистрирани сe 144 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е и едно починато лице, од Куманово 65 години. Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74 години) и Виница (76 години). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.287.

Коментари

коментар(и)