Едукативно предавање за пчеларството

Пчеларското здружение „Пчела“ преку повеќе активности, а претежно преку едукативни предавања ги реализира зацртаните цели и задачи- заштита на пчелата,  заштита на интересите на пчеларите и заштита на граѓаните. По повод 49 годишното постоење на здружението „Пчела“ кое што официјално функционира од 24 јануари 1971 –а та година во сабота ќе се организира стручно предавање од областа на пчеларството со еминенти предавачи, едукатори. 

-Ќе имаме професионални пчелари , еден практичар професионален пчелар Иван Додевски од Скопје кој што располага и работи со неколку стотици  пчелни семејства кој што произведува голема количина на пчелни продукти и сите пчелни продукти и вториот предавач ќе биде професор д-р Миќо Младеновиќ од Земјоделскиот факултет во Белград. Пчелата е најважно живо суштество на планетата, изјави Горан Митевски, претседател на ПЗ „Пчела“

Говорејќи за пчелите, но задржувајќи се и на краткиот докуметарен филм за зачувување на животната средина „Медена земја“, претседателот на „Пчела “ Митевски вели дека е одушевен од пристапот на Атиџе кон пчелата.

-Како пчелар нема нешто ново во однос на ставот што го има Атиџе. Од аспект на човек малку поширока е пораката заради тоа што човекот многу се вмеша во природата, изјави Митевски.

Пчеларското здружение „Пчела“ брои осумдесетина членови и покрај тоа што во кумановскиот регион многу повеќе граѓани се занимаваат со оваа дејност. Организаторот ги повикува СИТЕ заинтересирани пчелари да бидат дел од предавањето во сабота.

Коментари

коментар(и)