Елезовски: Ромите немаат еднаков пристап до правдата

-Се наоѓаме во време кога правиме се за да дојдеме до управителна функција. Со декадата на Ромите, покрај обезбедените стипендии, до ден денес не видов каде отидоа сите тие големи средства од европските фондови, амбасадите и странските интернационали. Се уште имаме фантоми, односно луѓе кои не можат да извадат државјанство и имаат некакви привремени документи. Луѓето немаат еднаков пристап до правдата. Треба да чекаат 5 години за да добијат свое државјанство, а додека останатите кои имаат мок добиваат пасош за минута. Слушнав дека многу е дадено за Ромите. Не, се што е дадено за Ромите е дадено на нивните експерти. Кај ромската заедница стигнуваат ситни трошки од лебот, вели Ашмет Елезовски, извршен директор на Националниот ромски центар за Студио 10.

Коментари

коментар(и)