Еманоил Ивановски победник на четвртиот тениски турнир

Еманоил Ивановски е победник на четвртиот рекреативен аматерски тениски турнир, кој за прв пат го организира тениското здружение „Новак“ Куманово. Тој во финалето го победи Јован Трајчевски со резултат 2:0 (6:1, 7:5).

На турнирот кој се играше на тениските терени во близина на Спортската сала учествуваа 22 рекреативци, љубители на тенисот.

Новоформираното здружение на граѓани „Новак“ Куманово во иднина активно ќе се занимава со тенисот, ќе организира турнири, лиги, но и хуманитарни настани.

Коментари

коментар(и)