„Еуро Колеџ“ – пионер во онлајн предавањата во државата

Во рамките на мерките преземени од Владата за прекинување на класичното предавање на универзитетите “Еуро Колеџ” од 16ти Март започна со онлајн настава. Наставниците ја изведуваат наставата преку  Google meet платформата, ја следат активноста на студентите притоа користејќи ги сите технички можности за да ја задржат интерактивноста во наставата. Овој начин на настава веќе се применува во многу европски држави и реномирани факултети како La Sapienza од Рим кој инаку е најголем Универзитет во Италија. Студентите согласно ново настанатата состојба со корона вирусот преку онлајн наставата ќе останат дома и сепак ќе  можат да ги постигнат предвидените резултати од учењето. Ваквиот вид на настава ќе биде достапен за сите студенти на „Еуро Колеџ“, вклучувајќи ги и вонредните студенти. Онлајн наставата ја подржа и Министерот Арбер Адеми и побара сите факултети да се приклучат кон оваа практика.

Коментари

коментар(и)