Жаклина Јовановска ја презеде градоначалничката функција

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Драган Јовановски денеска и го предаде уверението на новоизбраната градоначалничка на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска. На примопредавањето на градоначалничката функција присуствуваше и досегашниот градоначалник, Милован Стојковски. Јовановска истакна дека ќе ја оправда добиената доверба од граѓаните.

Градоначалничката Јовановска рече дека ќе работи на решавање на инфраструктурните проекти, решавање на проблемите со уличното осветлување, водоснабдителните системи.

-Првенствено, општината ќе биде отворена за сите идеи на жителите на Старо Нагоричане. Посебно внимание ќе посветам и на зимското одржувaње на улиците, бидејќи руралните општини порано ги зафаќа зимскиот период и изминативе години дел од патиштата беа завеани и селата блокирани. Воедно, ќе работиме и на водоснабдителниот систем кој има проблем со капацитетот, туку со самиот систем -изјави Јовановска.

Денеска, се одржа и конститутивна седница на Советот на општината, во која мнозинството од деветчлениот совет го има СДСМ, а за претседател е избран Јовица Јанчиќ.

Коментари

коментар(и)