Жбогар – предлог за почесен граѓанин на Куманово

Евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар ќе биде предложен за почесен граѓанин на Општина Куманово информираат надлежните од Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија.

За почесни граѓани на нашиот град досега беа прогласувани Луиза Винтон, постојаниот претставник на УНДП во Р.Македонија и Лоренс Батлер, поранешен амбасадор на САД во Македонија.

Инаку, што се однесува до Ноемвриската награда, вчера заврши рокот за поднесување предлози за наградата што се доделува на свечена седница по повод денот на ослободувањето на Куманово , 11-ти  Ноември. Споредбено со претходните години, годинава има зголемен интерес за ова општинско признание . Триесетина предлози за Ноемвриска награда се доставени до архивата на Општина Куманово кои што ќе бидат разгледувани утре од петчлената комисија со претседателот Сашо Милковски.

На седницата на надлежната комисија ќе биде разгледано и образложението за предлогот за почесниот  граѓанин на Куманово, евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Инаку, комисијата се уште не утврдила на колку физички и правни лица ќе им биде  доделена наградата. Без разлика колку награди ќе бидат доделени, фондот останува ист како и претходните години, вкупно 100.000 денари.

Кога станува збор за Општина Старо Нагоричане, до комисијата за одбележување празници и манифестации во општината поднесени се три предлога за Најдобар спортист и еден предлог за фирма, информираат надлежните, а предлози за Најдобар просветен работник, Најдобар сточар  и Најдобар земјоделец  даде Советот на Општина Старо Нагоричане.

На свечена седница на 11 –ти Ноември во салата на Општина Старо Нагоричане ќе бидат доделени пет награди.

 

Коментари

коментар(и)