ЖРК Куманово го надигра Вардар

Ракометарките на Куманово по втор пат за недела дена го совладаа составот на Вардар, овој пат на домашен терен со резултат 36:26.

Кумановки подобро отворија и имаа воведна предност, која ја задржаа до крајот од средбата. Претходно кумановки во првиот контролен меч против Вардар оставарија победа со 25:21.

Контролен натпревар Куманово во сабота ќе одигра со Чаир на домашен терен со почеток во 18:30 часот. Вчерашниот натпревар помина без публика, според протоколите за одржување спортски натпревари.

Коментари

коментар(и)