ЖРК Куманово најавува победа и пласман во фајнл-фор на Купот на Македонија

Женскиот ракометен тим од Куманово денеска на домашен терен го игра четвртфиналето од купот на Македонија.. Противник ќе им биде екипата на ЖРК Вардар Јуниор од Скопје. Кумановки, оваа сезона остварија една победа и два порази со скопјанки.

Екипата на ЖРК Куманово е апсолутен фаворит на овој натпревар и се очекува со победа да се пласира на фајнл форот од Купот на Македонија.

Во тимот на ЖРК Куманово преовладува огромна мотивираност за овој натпревар, а тоа се очекува да се покаже и на теренот.

„Добро ја познаваме екипата на ЖРК Вардај Јуниор. Реално ние сме фаворити на овој натпревар и тоа треба да го покажеме на терен. Мора да се игра ангажирано и да пружиме максимум од нашите можности. Потребно е да се држиме до нашата цел и игра. Очекувам салата да биде исполнета и интересен натпревар во кој што ние ќе издвојуваме победа и пласман во полуфиналето на купот на Македонија“- изјави членот на управниот одбор на ЖРК Куманово Филип Додевски.

Натпреварот се игра со салата на ОУ Христијан Тодоровски-Карпош со почеток од 18:30 часот.

Коментари

коментар(и)