ЖРК Куманово на уште еден контролен тест

Екипата на женскиот ракометен клуб Куманово, денеска ќе одигра уште еден контролен натпревар против екипата на ЖРК Овче Поле, по оној од гостувањето пред пет дена.

Куманово оствари очекувано убедлива победа во првата средба со 13:36 во Свети Николе, откако и на полувреме имаше висока предност од 7:19. Тие во првиот дел од сезоната силите ги одмерија во рамките на 4-та рунда, каде Куманово победи со 49:18.

Денешниот дуел ќе се игра на домашен терен, а истиот ќе започне во 20.30 часот во спортската сала во Економското училиште.

 

Коментари

коментар(и)