ЖРК Куманово славеше над Пелистер

Ракометарките на Куманово во второто коло од новата сезона во супер лигата славеа убедлива победа над Пелистер со 48-19, а средбата се одигра во салата на средното училиште Перо наков. Домашниот тим уште од самиот почеток се наметна како многу подобар противник и имаше висока предност во текот на првото полувреме кое на крајот успеа да го реши во своја корист со 22-7.
Во првите 30 минути  од натпреварот сите ракометарки одиграа одлично во нападот и одбраната, а на голот блескаше засилувањето од Србија младата Катарина Живковиќ која нанижа 11 интервенции.
Во второто полувреме екипата на Куманово ја продолжи доминацијата и разликата постојано се зголемуваше, за да на крајот домаќинките ги освојат планираните бодови.
Во екипата на Куманово целата екипа фукционираше одлично, а најефикасна беше Трајковиќ со 10 голови, Јанкуловска запиша 7, Кипријановска 6 и Ивановска 5 голови. Голманот Живковиќ мечот го заврши со 14 одбрани.
Младинската репрезентативка од Србија Живковиќ истакна дека победата на нејзината екипа е заслужена и се надева дека Куманово во ваков стил ќе продолжи и на следните натпревари.
Помошник тренерот Александар Бојковски е задоволен од играта на екипата и смета дека сите ракметарки одлично ги извршиле поставените задачи на теренот.
Во третото коло екипата на Куманово во петок гостува на Чаир кој во дербито против Металург доживеа минимален пораз.

Коментари

коментар(и)