Забава под маски во шесте објекти на „ Ангел Шајче“

Снежани, принцези, вештерки, спајдермени, бетмени, полицајци се само дел од денешните маски кои што дечињата од градинката Буба Мара ги избраа да продефилираат  во дворот на градинката. Традиционално по повод Први април – Денот на шегата се организира забава под маски во сите шест објекти на градинката Ангел Шајче. Дечињата од Буба Мара денеска во пресрет на Први април  се забавуваа, кажуваа шеги, пееја песнички за денот на шегата и едноставно уживаа со своите воспитувачки.

-Обично како и секогаш се случува на Први април меѓутоа денеска го организираме ова бидејќи утре е неработен ден , во пресрет на утрешниот ден за да ги мотивираме и утре уште поубаво да ги поминат денот. Доминираат маски од цртаните филмови кои што се дел од нивното секојдневие, изјави Билјана Чунгурска, одговорна воспитувачка во градинка „Буба Мара “

Коментари

коментар(и)