Завршна свеченост за „ Месец на книгата“

Со приредба во гимназијата „Гоце Делчев“ денеска заврши манифестацијата „Месец на книгата”, која траеше еден месец.
Организатор на настанот е јавната општинска установа, библиотеката „Тане Георгиевски”, која со книжен фонд од околу 200.000 примероци е меѓу најбогатите во земјава.

„Годинава на наградниот литературен и ликовниот конкурс на  темата –книга се јавија стотина ученици од сите основни и средни училишта кои што твореа во библиотеката. На денешната манифестација беа доделени награди за најуспешните прозни, поетски и ликовни творби на учениците, а награди беа доделени и на најуспешните од општинскиот натпревар „Млад библиотекар”, изјави в.д директорката на библиотеката, Ана Денковиќ – Антевска.

-Кako и секоја година и оваа година во нашата библиотека се организираат два натпревари, ликовен и литературен натпревар и натпреварот Млад библиотекар. Добитникот на натпреварот Млад библиотекар ја застапуваше нашата библиотека на натпреварот во јавната установа Браќа Миладиновци во Скопје. Денеска ќе имаме едночасовна програма со неколку музички изведби од страна на учениците на гимназијата и доделување на награди за победниците на натпреварот Млад библиотекар, а ќе доделиме и книги и благодарници на учесниците на литературниот и ликовниот натпревар и нивните ментори, изјави Ана Денковиќ – Антевска.

Првонаградена на натпреварот „Млад библиотекар“ е Миа Станојковиќ, второ место е Јована Лазаревска, а трета е Леона Јакимовска.

Инаку, традиционалната манифестација „Месец на книгата” ја организира библиотеката, а опфаќа литературни читања, промоции на наградувани книги, трибини, повеќе натпревари.

-Во тек е издавањето на нашата збирка на песни на кумановски начин насловена „Куманово низ мозаик на зборови“ која ја очекуваме секој момент да биде издадена, изјави Денковиќ- Антевска

Како што информираат надлежните од библиотеката, досега учесниците од Куманово на државните натпревари освојувале некое од првите три места.

Коментари

коментар(и)