(ВИДЕО) Завршуваат подготовките за Меѓународниот фолклорен фестивал

Ансамбли од Грузија, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора  и од Македонија  ќе бидат дел од Вториот меѓународен фолклорен фестивал Куманово, кој ќе се одржи во август годинава. „Подготовките се во завршна фаза, програмата на трите фестивалски вечери ќе биде разновидна, а публиката ќе биде задоволна“, вели претседателот на организациониот одбор на фестивалот и на КУД „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.

– На самиот фестивал поканивме луѓе кои го негуваат фолклорот, кои го сакаат фолклорот и кои сакаат да го презентираат за нашите граѓани. Пред се,  Грузија, ансамбл „Имерити“, атрактивен фолклорен ансамбл, потоа учество на еден навистина квалитетен од кого мора да учиме и ние и нашите поддржувачи, општината, државата како работат ансамблите во соседните земји, Уметнички центар „Талија“ од Нови Белград, од Хрватска доаѓа КУД „Вараждински фолклорен ансамбл“, од Црна Гора ни доаѓа КУД од Никшиќ и од Република Бугарија доаѓа добра група „Детелини“.  Сметам дека вкусот на нашите посетители кои што го сакаат фолклорот ќе биде задоволен, а од нашата држава настапуваат шест ансамбли, два-три од Скопје, Вевчани, Гевгелија, Куманово, Битола, изјави Мирослав Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот и на КУД „Панче Пешев“.

Фестивалот засега е поддржан со скромни финансиски средства, заради што Крстевски упати апел и до сите оние кои што ја почитуваат културната традиција и фолклорот да помогнат да се задржи нивото на меѓународната манифестација.

-Оваа година сме многу куси со средства како од државата, бидејќи за минатата година КУД  „Панче Пешев “доби средства, а не го одржавме фестивалот, и за надвор да настапиме и за фестивалот, и од општината добивме повеќе пари. Меѓутоа сега за сега имаме добиено 200.000 денари од општината и уште 60.000 дополнително очекувавме навистина да го подржат фестивалот како во 2019-та година, бидејќи лани не го организиравме и не трошевме пари. Ние како организатори ќе го организираме фестивалот и ќе направиме нешто што ќе вреди и сметам дека навистина треба да се помага овој фестивал. Сакам да замолам одредени организации, фирми, друштва кои можат да го помогнат овој фестивал, бидејќи културниот денар навистина е тежок и скап но, многу е потребна културата, традицијата, изјави Крстевски.

Фолклорниот фестивал ќе се одржи од 20-ти до 22-ри август со учество на 450 играорци кои што најверојатно во центарот за култура ќе ја претстават својата култура, фолклор и традиција.

Коментари

коментар(и)