Завршува рокот за пријавување за реонски попишувачи и инструктори

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември годинава.

Во меѓувреме, продолжува електронското самопопишување на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Коментари

коментар(и)