Завршува собирната акција на Црвениот крст

Активистите на општинската организација на Црвениот крст во рамките на акцијата по повод недела на гладта продале околу 400 бончиња меѓу граѓаните и бизнис заедницата во градот. Со собраните 8.000 денари ќе бидат набавени одредени прехранбени продукти кои во вид на пакети со храна ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.

-Имаме список на луѓе на кои навистина им е потребно да им се даде помош, мислам дека потешко се одвиваат сега работите затоа што на некој начин Куманово е специфично и веќе некое време му се случуваат некои собирни акции од аспект на поплави, немири,  мигранти, така што луѓето се навистина оптоварени со оваа работа, не дека луѓето не сакаат да издвојат, но немаат.  Кога е тоа многу често многу е тешко да се изведе тоа, а мора да кажам и дека сме преокупиран со мигрантската криза која и понатму трае и доста ангажмани бара од нас, изјави Иле Митковски, секретар на ОО Црвен крст, Куманово

Црвениот крст ќе организира активности и по повод недела на старите лица, а во меѓувреме се организираат и едукативни предавања за борба против зависностите кои ги одржуваат волонтери во училиштата во Куманово.

Коментари

коментар(и)