Загина директорот на Центарот за култура

Во тешка сообраќајна незгода што се случи утринава на булеварот Трета МУБ, загина директорот на Центарот за култура, Роберт Павловски.  Според информациите на МВР, сообраќајката се случила еден час по полноќ, откако возилото марка „Субару импеза“, излетало од патот и удрило во бетонски ѕид во близина на поранешен Дом на АРМ. Поради здобиените повреди, Павловски загинал на лице место, а тешко повредени се И. М (26) и И.Б (29), кои се пренесени на скопските клиники, додека другите две сопатнички Ц.В (40) и М.М (34)  се оставени на болничко лекување во Општата болница во Куманово.

-Донесени се четири лица од кои двете со скршеници на двете надколенца и се упатени со нашето возило на клиника за Трауматологија во Скопје. Останатите две други пациентки се примени на Хируршкото одделение во Куманово, едната има скршеница на чашката на десното колено, и во тек е припрема за нејзиното оперативно лекување, а другата пацентка има скршеница на десната клучна коска -изјави дежурниот хирург Елена Стојановска.

Увид на лице место извршиле екипи на Основното-јавно обвинителство и СВР Куманово по што ќе се утврдат причините за несреќата.

Роберт Павловски вчеравечер заедно со четирите сопатнички присуствуваше на Комитската вечер што ја организираше општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)