Загина 50-годишник од Јурумлери во сообраќајна несреќа

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје – Велес и регионалниот пат с. Јурумлери – с. Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 61-годишен кумановец и патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишен жител на  Јурумлери.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал скопјанецот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)