Заев: Германска компанија ќе гради ветерници во кумановско

Германската компанија WPD до Владата доставила документ за стратешка инвестиција за изградба на ветерен парк од 400 мегавати на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан.

Според Заев, вложувањата на компанијата би требало да изнесуваат 500 милиони евра.

Како што појасни, станува збор за инвеститорот кој веќе има изградено 5.000 мегавати од кои 500 мегавати ветерници на Балканот.

Инвестицијата е дел од инвестицискиот план што премиерот Заев го претстави во саботата.

Коментари

коментар(и)