(ВИДЕО) Заев: Максим е фаворит, но има и други кандидати

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не прецизираше дали актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски повторно ќе биде предложен за кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.

-Ние сме другари социјалдемократи и секогаш во демократска процедура ги утврдуваме најдобрите меѓу нас кои по сугестија на граѓаните, по пат на анкети и истражувања, ќе ги понудиме како наши кандидати за советници и советнички и градоначалнички и градоначалници. Секако дека Максим е еден од фаворитите, но тука имаме и други кандидати и кандидатки кои се овде-изјави Заев.

Коментари

коментар(и)